Стефан Ристовски стрелец во поразот на Динамо од Шибеник

Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, успеа да постигне гол во дуелот со Шибеник. Сепак, неговиот тим запиша пораз од 2-1, но не е загрозен на првото место на табелата.

Ристовски успеа да погоди после изведен корнер во 64. минута. Ова за него беше трет гол во сезоната во Хрватска.

Динамо и натаму е првопласиран со 12 бодови предност од второпласираниот Хајдук. На днешниот натпревар го немаше Аријан Адеми кој ги игра последните минути за Динамо, и потоа се сели во Кина.

Се вчитува...