Елмас асистент, Наполи ја победи Аталанта (ВИДЕО)

Наполи сигурно чекори кон освојување на скудеротот, откако вечерва ја совлада екипата на Аталант со голови во второто полувреме. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше свој придонес во оваа победа, со оглед дека му асистираше на Рахмани за вториот гол.

Долго време Наполи се трудеше да дојде до водство, но во тоа успеа дури во 60. минута од средбата. Кварацхелија ја зема топката и покрај петмина чувари успеа да постигне прекрасен гол.

Во 77. минута на асистенција на Елмас, Рахмани донесе 2-0, и го поведе Наполи кон победа. Елмас нафрли од корнер, а Рахмани од 10-11 метри со глава стрелаше во мрежата.

Се вчитува...