Манчестер Сити долго време го бараше водството во дуелот против Кристал Палас на гости. Избраниците на Пеп Гвардиола имаа повеќе од 70% посед на топка, многу удари, но никако не успеваа да погодат.
Актуелниот првак дури во 77. минута успеа да го открие резултатот. Халанд успеа од пенал да погоди и така да донесе предност од 0-1.
Со оваа победа Сити ја продолжува трката за титулата во Премиерлигата со Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

