„Кикс“ на Борусија Дортмунд, само бод против Шалке (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд освои само бод од гостувањето кај последнопласираниот Шалке во рурското дерби, и направи чекор назад во битката за титулата со Баерн Минхен.

„Милионерите“ два пати водеа на стадионот во Гелзенкирхен, меѓутоа не успеа да дојде до конечен триумф. Шлотербек во 38. минута со удар од далечина успеа да го совлада Фарман за предност на Борусија.

Во вториот дел Шалке успеа преку Билтер да дојде до израмнување, после една добра акција по десната страна. Сепак, 10 минути подоцна Гереро успеа да донесе ново гостинско водство. Во 79. минута Караман со глава го совлада Мејер, за еден голем бод за Шалке.

Борусија Дортмунд на оваа средба настапи без неколку стадарни играчи, и тоа влијаеше се чини и на резултатот на крај кој е неповолен за „милионерите“, и сега Баерн има два бода предност на табелата на првото место.

Се вчитува...