Кадетите ја совладаа Романија

Македонската кадетска ракометна репрезентација ја совладаа селекцијата на Романија во контролен меч минимално со 31-30. Во салата во Автокоманда, избраниците на Раде Стојановиќ успеаја да на крајот да дојдат до триумф.

Во оваа ЕХФ недела, нашите кадети ќе одиграат уште еден меч со Романија кој се игра утре со почеток во 12 часот.

Кадетската репрезентација се подготвува за Светското првенство во Хрватска. Македонија е во група заедно со Норвешка, Црна Гора и уште една селекција која ќе биде позната подоцна.

Се вчитува...