Тотенхем го бара Тухел, но тој ги „шокирал“ со едно барање

Наводно Тотенхем од лето ќе има нов тренер. Деновите на Антонио Конте се веќе избројани, и Италјанецот веројатно ќе го напушти тимот по завршувањето на сезоната. Веќе наголемо се шпекулира за негов наследник, а наводно прв пик бил екс тренерот на Челси, Томас Тухел.

Германецот е без работа по отказот од „Стемфорд Бриџ“, а се поврзува со многу клубови. Освен Тотенхем, тој се поврзува и со преземање на клупата на ПСЖ.

Англиските медиумите јавуваат дека наводно Тотенхем веќе го контактирал Тухел, по што Германецот ги „шокирал“ со тоа што го барал од нив. Наводно Тухел им кажал на челниците на Тотенхем најпрво да изборат место во Лигата на шампионите, а потоа да го контактираат.

Раководните лица на англискиот клуб останале шокирани од барањето на Тухел, па неизвесно е дали повторно ќе го повикаат, без разлика дали клубот ќе обезбеди место меѓу најдобрите во Европа или не.

Се вчитува...