Никола Ѓоргиев го освои словенечкиот куп

Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија и најдобриот одбојкар во историјата на нашата земја Никола Ѓоргиев стигна до нова титула во својата богата карирера.

Тој со својата Љубљана во трилер-натпревар славеше со 3-2 (24-26, 25-22, 25-23, 22-25 и 15-10) во големото финале во Купот на Словенија над Калцит Камник.

На крајот на месец август Ѓоргиев заедно со своите соиграчи ќе ја претставува Македонија на Европското првенство на кое сме домаќини.

Се вчитува...