Нови проблеми за Морант: Стриптизерка во „скут“, а илјадници долари расфрлани на под (ФОТО)

Ѕвездите на НБА можат да си дозволат апсолутно се што ќе посакаат во животот благодарение на договорите што ги имаат, но парите и договорот од 193 милиони долари целосно му го заматија умот на кошаркарот на Мемфис Гризлис, Џа Морант, кој е под суспензија откако маваташе со пиштол во ноќен клуб. Сега се појавија фотографии кои го покажуваат целиот разврат што се случи непосредно пред скандалот со оружјето.

Морант неодамна се најде во проблеми со законот откако нападна тинејџер на кошаркарски натпревар. Наводно, му се заканувал и со пиштол, но ууспеал да се извлече без да му биде поднесена пријава.

Сепак, не долго откако инцидентот излезе во јавност, Морант се труди да заработи суспензија од Гризлис за шокантното видео од ноќен клуб.

Џа го снимија како како мафта со пиштол, па тимот реши да го суспендира на неодредено време. Исто така имало жестока забава две ноќи пред скандалот со пиштолот. Ова го покажуваат фотографиите кои ги објави ноќниот клуб каде сето тоа се случило. Сцените се навистина неверојатни.

Морант бил снимен како го задоволува танчерка во скут, а огромна сума на пари била расфрлана низ целиот клуб. НБА ѕвездата наводно оставила 50.000 долари како бакшиш таа вечер.

 

Се вчитува...