Тоа што Билбао вечерва и го подготвува на Барселона долго ќе се раскажува! (ФОТО)

Вечерва на „Сан Мамеш“ во Билбао, Барселона гостува кај тимот на Атлетик, а овој натпревар ќе биде под посебна лупа поради тоа што навивачите на домашната екипа му го подготвуваат на големиот ривал од Каталонија.

По половина час игра, тие на стадионот ќе вметнат банкноти со различни знаци и на тој начин ќе изразат протест против Барселона во случајот со корупцијата и плаќањето на поранешниот член на судиската комисија, Хозе Марија Енрикез Негреира.

Барселона се најде среде огромен судиски скандал. Откриени се бројни уплати на сметката на поранешниот шеф на судиската комисија Хозе Марија Енрикез Негреира за одредени „совети“.

Од 2016 до 2018 година му платиле 1,4 милиони евра за советување за судењето, а потоа биле откриени и други плаќања направени претходните години. Клубовите од Ла Лига јавно се побунија против Барселона. Сепак, навивачите на Атлетик решија први да реагираат и на свој начин ќе го изразат својот протест против каталонскиот клуб.

Така, во 30. минута од вечерашниот меч теренот ќе биде покриен со лажни банкноти на кои ќе биде испишан зборот „Мафија“, а покрај тоа тие подготвија и дополнителни банкноти.

На теренот ќе има лажни евро банкноти со ликот на Жоан Лапорте (100 евра), претседателот на Шпанската фудбалска асоцијација Хозе Луис Рубиалес (200 евра) и банкнота од 500 евра со ликот на Негреира.

Се вчитува...