Шкупи поведе, па Работнички веднаш израмни, Брегалница со 2-0 против Победа (ВИДЕО)

Денеска се играат четири натпревари од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига. Интересно е на Чаир каде што во првите 13 минути паднаа два гола.

Шкупи поведе со голот на Бајрами, но Работнички веднаш врати преку Мазари. Алварез изведе корнер, а Бајрами со левата нога најдобро се снајде и донесе водство. Од друга страна Мазари откако одлично се ослободи од Бајрами, шутираше неодбранливо во голот на Наумовски.

Во Штип Брегалница има убедливо водство од 2-0 по 13. минути игра со головите на Додев и на Мојсов.

Се вчитува...