Барди и Трабзон конечно победија во Турција (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди и неговиот Трабзонспор славеа во дерби натпреварот против Адана Демирспор на домашен терен со 4-1 во 25. коло од турската Суперлига.

Домаќините поведоа со 1-0 уште во 8. минута со голот на Јазици. Гостите останаа со играч помалку по црвениот картон на Белханда во 22. минута. Сепак и со играч помалку до крајот на првиот дел израмнија на 1-1 преку Ндиаје.

Домаќините до ново водство (2-1) стигнаа преку Витор Иго во 78. минута. Само две минути подоцна беше 3-1 со голот на Вишча, додека конечните 4-1 ги постави Бозок во 94. минута. Енис Барди беше стартер за својот тим и одигра 60 минути.

 

 

 

Се вчитува...