Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаја уште еден пораз во НБА лигата откако вечерва во првиот натпревар од денешната понуда загубија на домашен терен против Бруклин Нетс со 122-120.
Домаќините одлично го одиграа првото полувреме и на пауза заминаа со предност од 69-61. Следеше огромен пад во третиот период кој гостите го добија со деветнаесет поени разлика и во последните дванаесет минути влегоа со предност од 87-98.
Иако во финишот играчите на Денвер успеаја да се вратат во игра, последниот напад на мечот не го реализираше Никола Јокиќ, а гостите стигнаа до конечен триумф од 122-120. Токму Јокиќ со нов трипл-дабл 35 поени, 20 скока и една асистенција беше прво име кај поразените, додека кај победникот Микал Бриџис постигна 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

