Индијан Велс: Сигурни победи на Зверев, Рубљов и Медведев

Најголемиот дел од фаворитите ја потврдија улогата во второто коло од АТП Мастерс 1000 серијата во Индијан Велс па во следната фаза ќе ги гледаме Нори, Зверев, Давидович-Фокина, Тифо, Рубљев, Медведев, но и Табило кој успеа да направи изненадување против Томпсон.

Нори славеше со 2-1 (6-7, 7-5, 6-2) против Даниел, Зверев со 2-1 против Русувори (7-5, 1-6, 5-7), Давидович-Фокина го елиминираше Хачанов со победа од 2-1 (6-3, 1-6, 6-4), Тифо беше сигурен со 2-0 (6-3, 6-2) против Кублер, Рубљов со 2-0 (7-5, 6-3) славеше против Хумберт, додека Медведев со 2-1 (6-2, 3-6, 6-1) против Ивашка.

Сензацијата му парипадна на 187. рангираниот Чилеанец Табило кој со 2-0 (6-3, 7-6) го елиминираше 87. пласираниот Австралијанец Томпсон.

Се вчитува...