Фелтон Спенсер почина на 55-годишна возраст

Поранешниот НБА играч Фелтон Спенсер почина на 55-годишна возраст. Спенсер 12 години настапуваше во најсилното кошаркарско првенство во светот носејќи го дресот на франшизите Јута, Голден Стејт, Њујорк, Орландо и Сан Антонио.

Спенсер колеџ кариерта ја помина на Универзитетот Луисвил каде доби легендарен статус остварувајќи рекорд по бројот на реализирани обиди од поле пред да биде избран како шести пик на драфтот во НБА во 1990 година.

Се вчитува...