Гери Линекер следниот викенд сепак би требало да се појави во улога на водител во шоуто „Meч на денот“, пишуваат британските медиуми. Линекер во иднина ќе внимава што пишува на социјалните мрежи, поточно на Твитер. Тој исто така треба и да се извини.
Линекер, кој е најплатен вработен во британската државна телевизија, мораше да се повлече на барање на гневните конзервативни политичари, кои беа силно погодени од неговите коментари на Твитер, споредувајќи ја одлуката на министерката за внатрешни работи Суел Браверман ефективно да им забрани на сите мигранти да влезат во Британија со нацистичките закони во триесеттите години на минатиот век.
Браверман се пожали на Би-Би-Си за ставот на Линекер, а Би-Би-Си објави соопштение во кое се вели дека ќе има „искрена дискусија“ со својот многу популарен водител и спортска личност и ќе го отстрани од шоуто додека „не се постигне договор и јасен став за неговата употреба на социјалните медиуми“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

