Флик нема да го повика Милер во репрезентацијата на контролите во март и јуни

Селекторот на Германија Ханси Флик откри дека фудбалерот на Баерн Томас Милер нема да биде дел од германската репрезентација за претстојните натпревари во март и јуни.

Томас Милер досега во дресот на Германија забележа 121 натпревар на кој постигна 44 гола.

„Разговарав со Томас и кажав дека нема да биде повикан за натпреварите во март и јуни. Но, тоа не значи дека неговата кариера во репрезентацијата е завршена или дека нема да има улога на Европското првенство. Тој ги гледа работите исто како и јас: како репрезентативец не се пензионираш. Или те канат или не, а тој сега е во мирување до лето“, изјави Флик.

Во петок, Флик ќе го објави својот состав за пријателските натпревари против Перу (25. март) и Белгија (28. март).

Се вчитува...