„Ме прашуваат дали Дончиќ би играл за Косово?“

Дедото на најдобриот словенечки кошаркар Лука Дончиќ откри малку познати информации за јавноста. Лука е роден во Љубљана во 1999 година, а интересно е што можел да бира за која репрезентација ќе игра: според татко му, кошаркарот Саша Дончиќ, би можел да игра за Србија, според мајка му Мирјам Потербин за Словенија, иако не е тајна дека тој беше привлечен и од Шпанија – земјата каде што пристигна како 13-годишник да игра за Реал Мадрид.

Лука Дончиќ потекнува од Косово и Метохија каде и денеска живеат неговите роднини и со кои е во контакт. Дедото на Лука Дончиќ Стојан кој живее во Косово вели дека многу од неговите сограѓани го прашуваат дали тој би играл за кошаркарската репрезентација на оваа земја.

„Повремено се слушаме, тој е многу зафатен. Многу Албанци ме прашуваат дали сум роднина на Лука. Иако понекогаш избегнувам да кажам дека сум негов дедо. Најчесто ме прашуваат дали некогаш би играл за Косово. Можеби некогаш кога Косово би станало Америка. Не игра за Србија, зошто би играл за Косово. Никогаш нема да игра“, изјави Стојан.

Се вчитува...