Некогашната фудбалска легенда на Србија, Немања Видиќ ја повлече кандидатурата за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.
Тој оваа информација ја потврди за српските медиуми образложувајќи дека знае дека нема да му биде пружена шанса да застане на чело на ФСС.
„Пред нашиот фудбал се големи предизвици. Многу работи можат и мораат подобро. Мојата идеја беше да соберам тим на врвни професионалци и кадри, и предизвиците да ги решат најквалитетно. За жал, на секој чекор на патот да станам претседател на ФСС ми беше јасно ставено до знаење дека таа шанса нема да ми биде пружена. Ве информирам дека ја повлекувам кандидатурата за претседател на ФСС“, стои во написот на Видиќ.
Сепак, тој додаде дека со повлекување на кандидатурата нема да се откаже од српскиот фудбал.
„Она кое, за жал, не е возможно да се направи денеска, убеден сум дека јас и мојот тим ќе го направиме, верувам, во блиска иднина. Сега тоа не е можно“, стои во писмото.
Изборното собрание за закажано за утре, а единствен кандидат е Драган Џајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА