Манчестер Сити ќе се обиде да го ангажира Бен Чилвел, пренесуваат англиските медиуми. Пеп Гвардиола во бекот на Челси гледа како идеална замена за Жоао Кансело кој реализираше трансфер во редовите на Баерн Минхен.
Репрезентативецот на Англија е дел од лондонскиот клуб од 2020 година каде пристигна за 50 милиони евра од редовите на Лестер и неговиот договор е со важност до 2025 година со што „граѓаните“ ќе мораат сериозно да инвестираат за неговите услуги.
Дваесетишестгодишникот оваа сезона одиграа 22 натпревари во „синиот“ дрес на кои забележа два гола и четири асистенции. И покрај повредата на задната ложа која го оддалечи од теренот речиси два месеца успеа да го осигура своето место во стартната постава покрај Марк Кукуреља кој дојде на „Стемфорд Бриџ“ во рекорден трансфер во летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

