Адам Лалана го продолжи договорот со Брајтон (ФОТО)

Адам Лалана и во следната сезона ќе биде дел од Брајтон откако денеска официјално ја продолжи соработката до 2024 година. Поранешниот репрезентативец на Англија е клучен дел од клубот и тренерот Роберто ди Зебри напомена дека е задоволен што може да смета на неговите услуги и во предизвиците кои следат.

Лалана е дел од Брајтон од 2020 година по трансферот од редовите на Ливерпул каде настапуваше шест сезони. Со „црвените“ стигна до четири трофеи меѓу кои оние во Премиерлигата и Лигата на Шампиони.

Се вчитува...