Гвардиола: Јас не сум тренер на Реал па да морам да ја освојам Лигата на Шампиони

Манчестер Сити денеска од 21 часот на „Етихад“ го игра реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на Шампиони против Лајпциг. Натпреварот во Германија заврши со 1-1 па двата тима имаат големи шанси за пласман во следната фаза.

Нов неуспех во најсилното фудбалско натпреварување повторно ќе го стави во центарот на вниманието Пеп Гвардиола, нешто за што говореше и самиот Шпанец на пресконференцијата во Манчестер.

„Освојувањето на Лигата на шампионите би го дефинирало мојот мандат во Манчестер Сити во очите на јавноста, но јас не се согласувам со тоа. Нам ни судат по резултатите во тоа натпреварување. По мојот прв натпревар во Лигата на шампионите ме прашаа дали сум дошол да го освојам натпреварувањето. Да бев тренер на Реал, тоа ќе го разберев. Колку и да напредуваме, очекувањата на луѓето нема да се променат“, вели Гвардиола.

Се вчитува...