Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по 13 години поминати во дресот на Динамо Загреб заминува од клубот и од 20. март официјално ќе биде нов фудбалер на кинескиот Пекин Гуан со кој потпиша тригодишен договор вреден пет милиони евра.
Капиетнот на „модрите“ замимнува од „Максимир“ како најтрофеен играч во историјата на клубот со 11 шампионски титули, шест титули во Купот и три трофеи во Суперкупот на Хрватска што е повод за навивачите на спектакуларен начин да го испратат Македонецот во Азија.
Последниот натпревар на Адеми ќе биде на 19. март против Ријека, а на социјалните мрежи веќе се појавија повици за мобилизација.
„Овој натпревар, меѓу другото, е важен и од причина што на него од дресот на Динамо се збогува човек кој е еден од најголемите играчи во историјата на нашиот клуб. За оваа прилика сакаме пред се трибините да ни бидат исполнети до последно место и на вистински начин да се простиме од нашиот капитен кој остави голем белег на една генерација играчи, но и на навивачите на Динамо.
Исто така, Северот за овој меч подготвува изненадување кое дополнително ќе го зголеми збогувањето на Аријан Адеми со омилениот дрес и затоа е важно сите играчи на Динамо да бидат дел од спектаклот што таков капитен на Динамо го заслужува!“, стои во објава на фан група на Динамо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА