Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва го добија натпреварот на седмицата во ВТБ лигата откако славеа со 69-72 против Зенит. Во драматичен натпревар во кој двата тима имаа водство, а беше решен во последните секунди македонскиот стратег успеа да му се реваншира на шпанскиот за поразот во првиот меѓусебен натпревар во победничката фаза.
На 27 секунди до крајот при резултат 66-70 ЦСКА го имаше натпреварот во свои раце, но Какок направи неспортска личка грешка над Фрејзер која го врати Зенит во игра. За среќа на московскиот тим Американецот беше половичен во реализацијата, а потоа и ја загуби топката за мирен финиш и нови два бода на тимот предводен од македонскиот стратег.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА