Јанис се врати во победата на Милвоки, Далас губи без Дончиќ и Ирвинг

Кошаркарите на Милвоки го совладаа тимот на Сакраменто на гости со 133-124. После пауза од три меча поради повреда, грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо се врати на паркетот и му помогна на својот тим да победи.

Гркот во 34 минути минати на теренот, постигна 46 поени, 12 скока и четири асистенции. Бакс со оваа победа се вратија на победите после поразот во продолженијата од Голден Стејт.

Далас втор пат во два дена загби од Мемфис. Домашниот тим третпат по ред играше без Лука Дончиќ и Кајл Ирвинг. Дуелот беше решен во втората четвртина кога Мемфис дојде до предност која ја задржа до крајот на мечот.

РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Индијана 117:97

Далас – Мемфис 88:104

Мајами – Јута 119:115

Хјустон – Бостон 111:109

Голден Стејт – Феникс 123:112

Атланта – Минесота 136:115

Сакраменто – Милвоки 124:133

Се вчитува...