Селекторот на Германија, Ханс Флик нема да го повика Томас Милер во националниот тим за престојните мартовски натпревари. Иако многумина тоа го окарактеризираа како проблем меѓу селекторот и фудбалерот, сепак, тоа има друга позадина.
Милер сакаше да се пензионира после Катар 2022, меѓутоа Флик го премисли да игра и на ЕП 2024 година. А сега не го повика, и тоа предизвика многу бура во јавноста.
Фудбалерот на Баерн Минхен на социјалните мрежи објасни за што станува збор.
„Вчера видовте дека Ханс Флик не ме повика во репрезентацијата за следните два меча. Се почитуваме еден кон друг и имаме одлична соработка. Држам среќа на момците за следните натпревари. Вистината е дека јас сакам да земам малку одмор од репрезентацијата и да се подготвам добро за следните важни натпревари на Баерн Минхен. Мојата желба за трофеи и натаму е силна“, напиша Милер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА