Манчини ќе натурализира Аргентинец за евроквалификациите

Италијанскиот селектор Роберто Манчини го повика аргентинскиот напаѓач Матео Ретеги за претстојниот квалификациски циклус за Европското првенство.

Актуелниот европски првак има проблем со напаѓачите бидејќи Чиро Имобиле, Џанлука Скамака и Џакомо Распадори се повредени или не се во форма.

„Ретеги го следиме веќе некое време, а веќе две сезони редовно игра во аргентинската лига. Тој има квалитети кои во моментов ни недостасуваат. Мислевме дека не сака да ни се придружи, но ја прифати поканата“, изјави Манчини.

Ретеги е позајмен играч на Бока Јуниорс во Тигре, а оваа сезона постигна шест гола на осум натпревари. Тој има и италијански пасош, а аргентинскиот селектор Лионел Скалони во моментов не смета на него.

Се вчитува...