Со само 24 Килијан Мбапе е веќе легенда на францускиот фудбал и ќе помине уште долго време додека не се појави некој со неговите квалитети, вели поранешниот капитен на француската репрезентација, Мишел Платини.
Според човекот кој одбележа ера на европскиот и светскиот фудбал и кој беше претседател на УЕФА, тешко се раѓа играч како напаѓачот на ПСЖ.
„Килијан Мбапе е веќе легенда на францускиот фудбал, како Зинедин Зидан. Тој е токму таков каков што треба да биде секој напаѓач. Брз, силен, игра одлично и со левата и со десната нога, а исто така е многу интелигентен и знае да ја чита играта“, рече Платини.
Според легендарниот француски фудбалер, Мбапе нема да замине од Париз додека не ја освои Лигата на шампионите.
„Мислам дека тоа ќе се случи кога ќе ја освои титулата европски првак, тогаш веројатно ќе продолжи понатаму. Мислам дека неговите следни дестинации би можеле да бидат Шпанија или Англија, а кој знае, можеби еден ден ќе замине во САД“, рече Платини
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА