Ерлинг Халанд има сезона за паметење по летниот трансфер од Борусија Дортмунд, откако норвешкиот ас веќе постигна 34 погодоци на првите 35 средби во дресот на Манчестер Сити. Бројки од кои се импресионирани многумина, но еден од нив не е Пеп Гвардиола, стратегот на Сити, кој не крие дека очекува уште подобри изданија од својот најдобар напаѓач.
Британските медиуми во изминатите месец дена многу пишуваа за несогласувањата меѓу тренерот и најдобриот стрелец, што беше потврдено и со последната изјава на Гвардиола пред реваншот со Лајпциг во осминафиналето од Лигата на Шампионите.
„Важно е да знаете дека не сакам кога играчите знаат само да даваат голови во шеснаесетникот. Да, тоа е важно и сакаме Ерлинг да продолжи да го прави. Сепак, ако се случи да не сме во посед на топката или да креираме напад, тој треба да биде активен и кога е далеку од противничкиот гол. Мора да научи повеќе да учествува во играта. Напредуваше во последно време, но знам дека може да биде уште подобар“, изјави Пеп Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

