Роналдо полуде на судијата, па доби жолт картон (видео)

Кристијано Роналдо почна да постигнува голови за Ал Наср, но португалската суперѕвезда не делува пресреќно во Саудиска Арабија. Доказ за тоа беше и денешниот куп-дуел против Ал Абха што неговиот тим го доби рутински, но Португалецот не беше најзадоволен.

Тој беше бесен на главниот судија поради прекинатата акција пред крајот на првото полувреме, па бесно ја шутна топката по завршниот свиреж, по што заслужено заработи жолт картон.

Победата беше осигурана, па тренерот го повлече Кристијано од игра, но Португалецот воопшто не делуваше среќно следејќи ја завршницата од клупата за резерви.

Се вчитува...