ЛШ: Сити со најсилен состав ќе го напаѓа Лајпциг

Манчестер Сити вечерва е голем фаворит во дуелот со Лајпциг во реванш 1/8 финалната пресметка. По првиот меч резултатот беше 1-1, со што Сити не смее да си дозволи кикс. Од тука Пеп Гвардиола на „Етихад“ го извади најсилниот состав. Сити ќе го нападне Лајпциг со Халанд, Де Брујне, Силва и Грилиш.

Од друга страна Марко Розе не менува многу од првиот меч. Во нападот како најистурен ќе биде Вернер кој ќе се обиде да им избега на противниците, додека во одбраната стандарно Гвардиол – Орбан ќе го чуваат голот од страшниот напад на Сити.

Познати се составите и на другата средба меѓу Порто и Интер. Порто во нападот ќе го има Тареми, додека Интер ќе напаѓа со Мартинез и со Џеко.

Се вчитува...