Манчестер Сити го „тероризираше“ Лајпциг со 7-0, Интер се спасуваше на „Драгао“ (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд е херојот на вечерашните два 1/8 финални натпревари, откако постигна неверојатни пет гола во дуелот со Лајпциг, во победата на неговиот Сити од 7-0 (вкупни 8-1).

Норвешката гол машина не може да се сопре, погодуваше од секаде, од пенал, од игра, едноставно го „тероризираше“ противникот кој се збогуваше со Лигата на шампионите, и сега се врти кон домашниот шампионат.

Халанд ги постигна головите во 22. 24 минута, потоа во втората минута од судиското надополнување од првиот дел, па во 54. и 57. минута. Гундоган во 49. минута го постигна голот за тогаш 4-0. Де Брујне во судиското надополнување на крајот постигна гол за конечни 7-0 на овој меч.

На вториот меч на „Драгао“, без голови на радост на Интер кој се пласираше во 1/4 финалето, првпат после 12 години и она 1/8 финале против Баерн кога меѓу стрелците се запиша и Пандев. Порто многу доцна се сети да фрли се во напад. Најдобрата шанса се случи во петата минута од судиското надоплнување кога се тресеа и стативата и пречката на Интер. Онана одбрани удар по што топката заврши во стативата, а потоа Тареми ја погоди пречката и Порто не успеа да се избори за продолженија.

Претходно во 1/4 финалето се пласираа Милан, Челси, Бенфика и Баерн, а сите учесници ќе се комплетираат утре кога играат Реал Мадрид – Ливерпул и Наполи – Ајнтрахт Франкфурт.

Се вчитува...