По тешкиот пораз на „Енфилд“ (2-5), Ливерпул вечерва гостува кај Реал Мадрид во реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Тренерот на „црвените“ Јирген Клоп пред овој меч вели дека додека има и промил шанса за победа тој и неговиот тим нема да се предадат.
„Среќни сме што сме овде. „Ако има шанса една на милион, би сакал да се обидам. Тука сме да играме против исклучително силен противник и да се обидеме да победиме. Колку и да е тешко, можеби е можно. Не е сигурно, но е можно. И тогаш ќе видиме каде тоа ќе не однесе. Премногу го почитуваме ова натпреварување и нашите ривали за да не се радуваме на овој натпревар“, вели Клоп.
Натпреварот кој ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид е со почеток во 21 часот, а германскиот стратег нема да може да смета на услугите на Хендерсон и Бајчетиќ, кои се приклучија на листата на отсутни фудбалери на која веќе се наоѓаа Луис Дијаз, Џо Гомез и Тијаго Алкантара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

