Ајнтрахт Франкфурт вечерва во Неапол ќе се обиде да ја надополни негативата од два гола во дуелот со Наполи во осминафиналето од Лигата на шампионите без неколку важни играчи, но и без поддршката од секогаш жестоките навивачи.
Локалните власти на Неапол пред два дена издадоа забрана за пристигнување на навивачите на Ајнтрахт во Неапол и на стадионот „Диего Марадона“. Забраната се однесува на сите оние кои имаат регистрирано живеалиште во Франкфурт.
Адвокатите на германскиот клуб успеаја на суд да ја оспорат првата одлука на префектот на Неапол, Клаудио Палоба, со која се забранува продажба на билети на гостинските навивачи.
Сепак, пристигна новата одлука на Паломба влез е забранет само на навивачите кои имаат пријавено место на живеење во Франкфурт. А ако се земе предвид дека вистинската база на навивачите на Ајнтрахт е од самиот Франкфурт, практично сите 2.700 навивачи кои би дошле всушност не би можеле да купат билети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

