Калчото пак е во мода во Европа – Интер и Милан заедно во четвртфинале

Италијанските клубови со години се мачат во елитното европско натпреварување, но сезонава дефинитивно е исклучок откако Интер и Милан веќе ги минаа своите осминафинални пречки, а на добар пат да се пласира во четвртфиналето е и Наполи, кој има одлична предност од првиот меч со Ајнтрахт.

Интер го преживеа лудиот финиш од синоќешниот реванш со Порто, со што „нероаѕурите“ се најдоа во Топ 8 клубовите во Европа благодарение на голот на Лукаку во завршницата од првиот натпревар. Воедно, Интер стигна до пласман во следната нокаут фаза од ЛШ без примен гол на двата натпревари за првпат по 2010 година, кога на таков начин ја елиминираше ЦСКА Москва.

Интер и Милан за првпат заедно стигнаа заедно до четвртфиналето во Лигата на Шампионите по сезоната 2005/2006, доказ дека Калчото дефинитивно се враќа во мода во фудбалска Европа.

Се вчитува...