Ерлинг Халанд во проширеното интервју по фантастичниот меч со Лајпциг говореше на најразлични теми, но ја спомена и својата омилена актерка, Џулија Робертс.
„Имам три идоли, Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Робертс. Таа дојде во Манчестер и отишла на „Олд Трафорд“ да го гледа Јунајтед наместо Сити. За мене тоа е најголем пораз, најголемо разочарување. Треба да знае дека ова не се деведесеттите, кога Сер Алекс Фергусон освојуваше трофеи во низа со Јунајтед. Ние сме подобар тим од нив во последните десетина години, а таа се уште оди на Олд Трафорд“, прокоментира со насмевка Ерлинг Халанд.
Останува да се види дали оваа изјава ќе стигне до славната холивудска актерка, па таа можеби во следната посета на Англија ќе се појави на „Етихад“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

