Перо Антиќ до крајот на овој месец ќе одржи Собрание на КФСМ кое согласно Статутот поради истекот на четиригодишниот мандат ќе биде и изборно за нов претседател на куќата на кошарката. Неофицијално, ова Собрание ќе се одржи на 30 март, а на него единствен кандидат за претседател ќе биде токму Перо Антиќ.
Со оглед на правецот во кој се движи кошаркарскиот спорт во последните години, јасно е зошто нема посериозен интерес за човек кој е успешен бизнисмен да застане на чело на оваа спортска федерација. Антиќ дојде под паролата „Спортот на спортистите“, која иако се докажа како крајно неуспешна, донесе и конфликти меѓу него и луѓето кои му беа блиску пријатели и соработници со години наназад, но сега со нешто „изменета екипа“ во однос на онаа првата ќе добие нов мандат за да раководи со КФСМ.
Перо Антиќ дојде на чело на куќата на кошарката на местото на уште една кошаркарска легенда, Петар Наумоски. Оттогаш, наспроти најавите за позитивни промени и развој на мак-баскетот, бевме сведоци на препукувања и тужби со поранешни вработени, со актуелниот шампион МЗТ Скопје, смени на директори во федерацијата, именување на селектори кои се тепаат со свои колеги и што уште не…
Ако ништо друго, барем овој втор мандат нека биде помирен од оној првиот, па и кошарката нека тргне напред….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА