Откриен „саудискиот план“ за ангажман на Лео Меси

Лео Меси ова лето би можел да тргне по стапките на Кристијано Роналдо и да му се приклучи на Португалецот во Саудиска Арабија. Тамошните власти сериозно инвестираат во спортот, а по ангажманот на поранешниот ас на Реал Мадрид сега трансфер цел на „власта“ е неговиот најголем ривал.

Аргетнинецот би требал да го засили најголемиот саудиски клуб, 18-кратниот шампион Ал Хилал и да има примања исти како оние на Португлаецот од 220 милиони по сезона. Неодмана во Ријад беше затекнат и таткото на Меси, Хорхе Меси кој е воедно и негов агент па нема да биде изненадување доколку Меси се одлучи да замине од Европа по повеќе 20 години.

Се вчитува...