Милевски го објави составот на Македонија: Здравковски дебитант, без Спировски и Николов

Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, го објави составот за репрезентацијата на Македонија за престојните натпревари против Малта во квалификациите и против Фарски Острови пријателски натпревар.

Давор Здравковски од АЕЛ Лимасол е дебитант во националниот тим, додека во репрезентацијата се враќа десниот бек на Шкупи, Владица Брдаровски.

Милевски се реши да не ги повика Стефан Спировски и Бобан Николов поради слаба минутажа. Поради повреда ќе го нема и Никола Серафимов, како и Тихомир Костадинов.

Се вчитува...