Словенечката скијачка Илка Штухец победничка на последниот спуст сезонава во Светскиот куп во алпско скијање кој како дел од завршната недела се вози во андорскиот ски-центар Солде.
Словенката до победата стигна со вкупно време од 1:30.35 минута што беше за 51 стоти дел од секундата побрзо од освојувачката на малиот кристален глобус во оваа дисциплина Италијанката, Софија Гоџија. Подиумот го надополни Швајцарката Лара Гут Бехрами со заостанување од 81 стотинка зад победничкото време.
Од претходно големиот кристален глобус веќе го осигура Американката Микаела Шифрин која не настапи на денешната трка како би се подготвила подобро за предизвиците кои што ја очекуваат до крајот на неделата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА