Тотенхем во офанзива: Луис Енрике за тренер, Кејн нема да биде продаден ни под разно

Тотенхем го очекува жестока битка со Њукасл за четвртото место во Премиер-лигата, но управата на „спарси“ веќе ги почна и плановите за наредната сезона. Веќе е јасно дека Антонио Конте нема да остане на клупата на лондонскиот клуб, а „спарси“ сакаат за негов наследник да го доведат поранешниот тренер на Барселона и на Рома, Луис Енрике.

Шпанецот е без ангажман откако не му беше продолжен договорот како предводник на „црвената фурија“ по СП во Катар. Сериозен интерес за неговите услуги покажува и Атлетико Мадрид, но челиците на Тотенхем се оптимисти дека ќе успеат да го убедат Енрике да го прифати предизвикот наречен Премиер-лига. На Енрике ќе му биде понуден тригодишен договор и богат буџет за засилувања, се со цел да биде составен тим што би бил конкурентен во борбата за трофеи во Англија.

Воедно, раководството на Тотенхем е со јасен став дека Хари Кејн нема да биде продаден во текот на летово. Англискиот голгетер ќе влезе во последните 12 месеци од договорот и на крајот од наредната сезона би можел да си замине без никаква отштета. Тотенхем без проблеми би можел да добие околу 100 милиони евра, но „спарси“ сакаат да го задржат Кејн во тимот како лидер на проектот на новиот тренер, со надеж дека со добри резултати во текот на сезоната би го убедиле и да потпише нов договор со клубот.

Се вчитува...