Само еден е Златан: Ибрахимовиќ на 41 година се враќа во репрезентацијата на Шведска

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шведска Јане Андерсон го објави списокот на фудбалери за стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

Посебно внимание на списокот на шведскиот селектор Јане Андерсон привлече тоа што тој  уште еднаш го вклучи неуништливиот Златан Ибрахимовиќ. Прославениот Швеѓанец има 41 година и се уште игра фудбал на најголемата сцена.

Повредите полека го стигнуваат, но и на оваа возраст е доволно важен за Андерсон да го повика. Шведска во март ќе игра против Белгија и Азербејџан, а во групата со нив се и Естонија и Австрија.

Се вчитува...