Златан Ибрахимовиќ неодамна се врати на терените по долгата пауза поради повреда на коленото, а одличниот голгетер наскоро би требало да постави нов рекорд.
Имено, шведскиот селктор и официјално го повика Ибракадабра за претстојните квалификациски натпревари, против Белгија на 24 март и со Азербејџан три дена подоцна. Доколку голгетерот на Милан влезе на игра, ќе го урне 40 години стариот рекорд на италијанскиот голман Дино Ѕоф, како највозрасен играч кој настапил на едни мундијалски квалификации.
Ѕоф последниот настап го имаше на 41 година, три месеци и еден ден, токму против Шведска, остварување што Ибрахимовиќ ќе го надмине со настап протви Белгија или Азербејџан (против Белгија би имал 41 година, пет месеци и 21 ден).
„Без оглед на долгата пауза, тој одигра три меча како резерва за Милан и покажа дека е во солидна форма. Мислам дека може да придонесе да играме подобро, да ја крене енергијата на теренот, но и надвор од него“, изјави шведскиот селектор Јане Андерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

