Кошаркарот на Мемфис Гризлис, Џа Морант е официјално суспендиран. Според информациите, Морант ќе биде суспендиран од НБА и нема да може да игра во следните осум натпревари на Мемфис Гризлис, по што ќе се врати во тимот.
НБА лигата има строги правила во колективниот договор, оној кој на играчите им гарантира високи плати и други бенефиции, а во него јасно стои дека е забрането носење огнено оружје.
Пред неколку дена присуствуваше на советувалиште во Флорида, а во средата се сретна со комесарот Адам Силверво Њујорк на состанок на кој беше одлучено дека повеќе нема потреба да оди на советување и дека ќе ја отслужи својата казна и потоа ќе се врати на кошаркарските обврски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

