Познати сите учесници во четвртфиналето во ЛШ

Најтрофејниот клуб Реал Мадрид и Наполи се последните учесници во четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Кралевите“ го елиминираа англискиот Ливерпул, додека Елјиф Елмас и неговите соиграчи беа подобри во двомечот против Ајнтрахт Франкфурт.

Вчера своето место меѓу осумте најдобри тимови на стариот континент го обезбедија англискиот шампион Манчестер сити кој на крилата на Ерлинг Халанд го декласираше Ред Бул Лајпциг, додека Интер во крајно неизвесен натпревар успеа да го елиминира Порто.

Уште минатата недела своето место на четвртфиналната ждрепка своето место го резервираа и: Милан, Баерн Минхен, Челси и Бенфика.

Се вчитува...