Актуелниот европски шампион Реал Мадрид успеа да ја одбрани предноста од 5-2 од првиот натпревар одигран на „Енфилд роуд“ против Ливерпул откако славеше со 1-0 во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Двата тима ни донесоа феноменално прво полувреме во кое недостасуваа само голови. Во 7. минута Дарви Нуњез по грешката на Ридигер ја имаше првата убава шанса за гостите, но одлично одбрани Куртоа. „Кралевите“ возвратија преку Винисиус Жуниор, но одлично интервенираше и Алисон Бекер. Потоа следуваше феноменален удар на Едуардо Камавинга кој заврши во пречката на гостинскиот тим. До крајот на првото полувреме Дарвин Нуњез во 33. минута имаше нова шанса, но повторно битката ја доби Куртоа.
Алисон беше одличен и на стартот на второто полувреме кога во 53. минута успеа одлично да интервенира против Валверде кој беше еден на еден со бразилскиот чувар на мрежата. До крајот „кралевите“ успеаја да стигнат до уште една победа со голот на Карим Бензема во 79. минута.
Real Madrid [1] – 0 Liverpool [6-2 on agg.] – Karim Benzema 78'
byu/alexinup insoccer
Наполи без проблеми славеше и во реваншот против Ајнтрахт Франкфурт, овојпат со 3-0. Стрелец на првите два гола беше нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен, додека победата ја запечата Зјелински од пенал во 94. минута. Елјиф Елмас мечот го почна од клупата за резерви, а на терен влезе во 74. минута на место на Квича Квараскелија. т
[deleted by user]
by insoccer
Ждрепката за четвртртфиналето ќе се одржи во петок на 17. март со почеток во 12 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

