Кошаркарот на НБА „франшизата“ на Мемфис Гризлис Џа Морант првпат јавно проговори по инцидентот во клубот во Глендејл.
Ѕвездата на Гризлис по натпреварот против Денвер се најде во центарот на вниманието затоа што мавташе со пиштол во еден ноќен клуб, а сето тоа го објави на „инстаграм“. Пред тоа беше обвинет дека претепал тинејџер и му се заканувал со пиштол. Поради ова тој беше казнет со суспензија од осум натпревари.
„Пиштолот не беше мој. Јас не сум таков, не одобрувам никакво насилство, но ја преземам целосната одговорност за своите постапки. Направив грешка и свесен сум за сликата што ја изградив за себе, но во иднината ќе им покажам на сите кој навистина е Џа“, рече Морант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

