Раководството на ПСЖ се уште не постигнало договор со Лионел Меси околу потпишувањето на нов договор. Договорот на аргентинскиот интернационалец истекува на крајот од актуелната сезона, а иако во еден момент се мислеше дека останувањето на Меси во Париз е речиси сигурно, ситуацијата е далеку од едноставна.
„Марка“ пренесува дека сите страни се далеку од договор, а се се смени во јануари, откако Аргентинецот го освои светскиот шампионат во Катар. Пред Мундијалот се очекуваше преговорите на ПСЖ со Меси да бидат многу полесни и искусниот напаѓач да остане на „Паркот на принцовите“.
Настана проблем поради платата која ја бара Меси. Таткото и агент на најдобриот фудбалер, Хорхе Меси, се сретнал со челниците на ПСЖ, но не бил постигнат договор. Се очекува наскоро повторно да седнат на маса. 35-годишниот фудбалер постигна 18 гола со 17 асистенции на 31 натпревар за „светците“ во сите натпреварувања оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА