Инфантино акламативно доби нов мандат на чело на ФИФА

Џани Инфантино без противкандидат акламативно доби нов четиригодишен мандат на претседателската функција во ФИФА.

На Конгресот на Светската фудбалска федерација во Кигали, Руанда, главна точка беше реизборот на Инфантино на позиција на која се наоѓа по заменувањето на Сеп Блатер. 52-годишниот швајцарски адвокат кој влегува во вториот целосен мандат, уште сега најави дека планира да ја извршува функцијата до 2031 година, колку што дозволува Статутот на ФИФА.

За време на претседателствувањето на Инфантино ќе остане запаметена како поважна одлука новиот формат на светските првенства, на кои од 2026 година ќе учествуваат 48 наместо досегашните 32 репрезентации.

Се вчитува...