Судии во Боливија продолжиле меч 42 минути, па добиле суспензија

Палмафлор во понеделникот во натпревар во Боливија го совладал Блуминг со 3-2 во дуел кој траел неверојатни 132 минути.

Фудбалската федерација на Боливија веднаш ги суспендирал судиите кои го продолжиле натпреварот за дури 42 минути.

Натпреварот се играл по силен дожд и траел повеќе од вобичаеното. Судијата Хулио Гутиерез продолжувањето на натпреварот го правдал поради долгото гледање на ВАР видео по повод вториот гол на Палмафлор и потоа тепачката која следувала после два црвени картони на играчите на Блуминг.

Се вчитува...