Капитенот на Манчестер Сити Илкај Гундоган е подготвен да ги намали своите барања само да замине во Барселона. Наводно тренерот на „каталонците“ Чави веќе имал разговор со Гундоган, со цел да го убеди летото да се пресели во Барселона.
Чави го убедувал германскиот репрезентативец дека ќе бидат решени сите проблеми со финансискиот фер-плеј и дека ќе најде место на платниот список за него.
Првите контакти на Барса со Гундоган се позитивни. Илкај бил расположен да се пресели во Барселона. Од шпанскиот тим, пак, сметаат дека со него ќе се заокружи средниот ред на тимот за следната сезона и дека ќе важи за идеален партнер на Гави и Педри. Неодамна Лапорта најави дека Бускетс ќе продолжи, а неизвесна е судбината со Кеси кој е пред заминување од „Ноу Камп“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

